Достапни линкови

Контакт групата нема да наметне поделба на Косово, смета екс американски амбасадор на Балканот


Преговарачката тројка на Контакт групата денеска во Виена одржува одвоени состаноци со делегациите на Белград и Приштина. И двете страни пред средбата останаа на добро познатите ставови. За Приштина нема што да е преговара за статусот додека Белград тврди дека и статусот е на дневен ред. Поранешниот американски амбасадор во Белград и Загреб Вилијам Монтгомери пак смета дека Контакт групата нема да наметне решение за поделба на Косово затоа што тоа би било преседан за Македонија и Босна, и југот на Србија.

Претставниците на Европската Унија Волфганг Ишингер, на Соединетите Држави Френк Визнер и на Русије Александар Боцан-Харченко во Виена на уште еден обид низ одвоени средби со делегациите на Белград у Приштина да ги приближат ставовите. Министерот за Косово и Метохија Слободан Самарџиќ пред средбата изјави дека тројката го прифатила предлогот на Белград да се разговара за сатусот на Косово, додека Премиерот на Косово Агим Чеку на српските известувачи во Виена им изјави дека нема што да се разговара за статусот. Контакт групата за Косово нема да неметне решение смета бившиот американски амбасадор во Белград и Загреб Вилијам Монгомери во интервјуто за Радио Слободна Европа.

„Главниот аргумент против поделбата на Косова е дека со тоа би се воспоставил преседан за Македонија и за Босна, но и за југот на Србија. Ние сме сега во ситуација во која косовските Албанци се целосно убедени дека Соединетите Држави, као нивни заштитници ќе им донесат независност и затоа несе заинтересирани да разговараат за поделба. На другата страна, Србите се уверени дека нивната заштитничка Русија ќе ја спречи независноста на Косово, така што ни тие не гледаат свој интерес во поделбата.“

Според Монтгомери останува решение да наметне Контакт-групата, но тоа се нема да се случи поради многу причини од кои можните рефлексии врз регионот се клучните. Монтгомери вели дека решението ќе биде многу тешко. Доколку Косовските албанци би биле соочени со долгогодишен период на замрзнат статус кво, тие на тоа тешко ке се согласат. Ако се решат самите да прогласат независност можни се немири, блокади, отцепувања на северниот дел и неизвесност. Тоа е сценарио, со серизони последици вели поранешниот американски амбасадор во Белград и во Загреб Вилијам Монгомери.
XS
SM
MD
LG