Достапни линкови

Криминални групи кои пробуваат да свртат внимание или повторување на 2001?


Преку закани за можна дестабилизација на земјава и припојување на скопско Танушевци кон Косово, порака праќаат оддредени и криминални групи и поранешни припадници на правоените формации, оценува стручната јавност Причината поради која на тие луѓе им одговараат такви сценарија е чувството на оттуѓеност во опшеството, па на таков начин истите се обидуваат да најдат простор за делување и јавна промоција, велат експертите.

„Овие структури фаќаат чекор со нерешената состојба на Балканот. Сакаат да бидат забележани од јавноста, домашниот и надворешниот фактор дека се присутни и затоа промовираат идеи дека ќе нападнат. Мојата приценка, врз основа на сите анализи што се прават е дека нема клима за радикализација на состојбите,“

изјави Павле Трајанов, поранешен министер за внатрешни работи.

Дека во моментов нема клима за нарушување на безбедноста од поголеми размери се согласува и проф. Хасан Јашари од Штуловиот Универзитет. Сепак тој не исклучува можноста за повторување на конфликтот од 2001 година.

„Треба да се сфатат сериозно, со оглед на фактот дека рецидивите секогаш се возможни, особено во услови кога Балканот сеуште е проблематично општество, има сиромаштија и луѓето едвај чекаат некој нов водач и личност кој ќе им вети дека ќе ги извади од бесперспективноста,“

вели Јашари.

Ниту на Македонците ниту на Албанците, а најмалку на Косовското население не им одговара ваквото сценарио, имајќи го предвид решавањето на идниот статус на покраината, вели Јашари. За Трајанов пак во овој момент најважно е да да се формира посебен орган кој ќе ги собира сите информации од ваков тип и ќе ги координира активностите на сите безбедносни служби.

„Потребно е тело од експерти кои дневно ќе ги анализираат, проучуваат информациите и ќе даваат предлози за тоа како да постапува државниот врв.“

Поранешниот разузнавач Стефан Буџаковски пак, предупредува дека она што се случува во последните два месеца е најава на една пресликана ситуација од 2001 година.

„Сите активности носат најава дека нешто ќе се случува во овој период, од податоците што се наѕираат тоа ќе биде во октомври – ноември.“
XS
SM
MD
LG