Достапни линкови

Кабул: Ослободени 12-мина јужнокорејски заложници


Талибанските милитанти ослободиле 12 од 19-те јужнокорејски заложници, со најава дека другите седуммина би можеле да ги ослободат наскоро. До ова доаѓа по неодамнешниот договор меѓу Јужна Кореја и Талибанците, според кој оваа земја ветува дека ќе ги повлече нејзините 200 војници од Авганистан до крајот на годинава.
XS
SM
MD
LG