Достапни линкови

logo-print

Државното Интернет кафе во Скопје преполно со млади луѓе


Државното интернет кафе во центарот на Скопје, кое нуди бесплатни интернет услуги за сите лица до 26 години и пензионерите, до сега најчесто е посетувано од страна на помладата генерација.

„За Интернет кафето има многу голема заинтересираност, полно е нон стоп, а повеќе се помлади,“

вели Вилијам Ципушев еден од вработените. Тој исто така додава дека поради летните одмори има и денови кога посетеноста е помала.

„Може да има денови малку во летниот период, за време на викендите кога има помалку, но сепак е полно, не е празно.“

Младите кои најчесто го посетуваат ова интернет кафе, велат дека се задоволни од услугите кои се понудени и дека најчесто го користат интернетот за забава.

„Спотови гледам на ју тјуб“
„Играм игри.“


Освен во Скопје, вакви интернет клубови отворени се во Битола,Прилеп,Охрид и Тетово.

Од Владата велат дека до крајот на годинава ке се отворат уште десет Зголемениот интерес за користење на интернетот покажува и последното истражување на “Стратеџик Маркетинг“. Според него, Македонија бележи раст на корисниците на Интернет во првите пет месеци од годинава, споредено со истиот период лани. Бројот на Интернет корисниците во земјава пораснал за 5 отсто, додека бројот на корисници на компјутери пораснал за 4 отсто. Околу 32 отсто од анкетираните граѓани се изјасниле дека користат Интернет, а 47 дека редовно користат компјутер.

Во светот најголем број на корисници на интернет е Америка со 153 милиони корисници, на второ место е China со 86 милиони,додека пак во Европа најголема популација на корисници на интернет има Германија со 32 милиони корисници. Најактивни на интернет се Британците, кои месечно трошат околу 34 часови на сурфање, додека интернетот секојдневно го посетуваат повеке од 21 милион корисници.
XS
SM
MD
LG