Достапни линкови

Техеран: Американските сили ги ослободиле уапсените Иранци во Ирак


Иранските власти соопштија дека американските сили во Ирак ги ослободиле иранците кои ги привеле во текот на изминатата ноќ во Багдад. Иранската новинска агенција ИРНА јави дека била уапсена делегацијата која со ирачки претставници требало да потпише договор за енергетска соработка. Непосредно пред инцидентот, американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека им одобрил на американските војници да се конфронтираат со, како што ги нарече, иранските смртоносни активности во Ирак.
XS
SM
MD
LG