Достапни линкови

Причината не е даночната стапка, туку нереалната вредност на недвижноста пријавена од граѓаните


Огромни сметки за данок на имот, кој се неколку пати повисоки од оние кои претходно ги плакале –на ова деновиве се жалат граѓаните на Скопје

„200 насто е качен данокот на имот, на куќи, на станови. Над 1,000 денари е.“
„Сега имам стигнато прва сметка, од 500 денари, на 1,800“


Данокот не е зголемен туку повисоките сметки се должат на новото утврдување на големината на имотот кој што го поседуваат граганите - објаснува градоначалникот на Велес Аце Коцевски кој е и член на управниот одбор на ЗЕЛС. Проценката додава тој се врши според методологијата која што ја има утврдено претходната владеачка гарнитура. За разлика од порано кога тоа го вршеше управата за јавни приходи сега со децентрализација задолжени за собирање на данокот се општините. Тие пак се позаинтересирани вели Коцевски реално да ги оданочуваат граганите

„Сите граѓани, со чесни исклучоци, по правило си напишале помали вредности на своите објекти, за да плаќаат помали даноци. Значи, тоа што сметките за данок се поголеми не е затоа што стапката е поголема, туку затоа што општините и градот Скопје реално го пресметуваат данокот врз основа на реалната продажна вредност на недвижниот имот. И тие граѓани треба да бидат среќни што изминативе десетина години плаќале помалку данок на имот отоклку што требало да плаќаат.“

Коцевски сепак додава дека граганите на Скопје имаат право да се жалат поради повиосоките сметки

„За тоа што се случува во Скопје земам за право да кажам дека граѓаните се во право и правилно би постапиле општините и градот кога не би го правеле тоа бирократски од канцеларија, туку применувајќи ја методологијата на Владата, да излезат нивните стручни екипи надвор.“

Од градот Скопје велат дека нивните екипи не можат да излезат и да ги утврдат имотите на сите грагани туку само на некои од нив. Од таму додаваат дека корекции на сумите ке се вршат само по жалба. Владата пак која во неколку случаи одзема ингеренции н градоначалници поради несовесно работење сега предупредува граганите да внимаат за кого глсаат на локалните избори. Сепак владиниот портапорол Ивица Боцевски вели дека ке го чекаат извештајот кој ке им го достави министертвото за локална самоуправа

„Доколку имаме алармантна состојба во некои општини, владата би преземала одредени мерки.“
XS
SM
MD
LG