Достапни линкови

Анкара: Новоизбраниот претседател на Турција Абдула Ѓул ја презеде должноста


Новоизбраниот турски претседател Абдула Ѓул ја презеде должноста од досегашниот претседател Ахмет Неждет Сезер на скромна церемонија, затворена за медиумите. Американскиот Стејт департмент оцени дека изборот на Абдула Ѓул за нов турски претседател е продолжување на демократскиот развој на Турција. Европската унија пак, изрази надеж дека тој ќе ги продолжи економските и политичките реформи неопходни за приближување на Турција до Унијата. Претседателот на Европската комисија, Хозе Мануел Барозо изјави дека неодамнешните парламентарни избори и изборот на Ѓул за турски претседател претставуваат „значајно остварување за Турција и за турскиот народ“. Барозо оцени дека изборот на Ѓул би можел да им даде ,,нова позитивна насока,, на преговорите за приклучувањето на Турција во Европската Унија.
XS
SM
MD
LG