Достапни линкови

logo-print

Вашингтон: Џорџ Буш го предупреди Иран да запре со поддршката на милитантите во Ирак


Американскиот претседател Џорџ Буш го предупреди Иран да запре со поддршката на милитантите во Ирак. Буш во говорот пред ветераните од Американската легија, го обвини Техеран дека ги снабдува со оружје милитантите во Ирак кои се борат против американската војска и додаде дека ,,иранскиот режим мора да престане со таквите активности,,. Во меѓувреме американските сили во Багдад соопштија дека уапсиле неколкучлена делегација од Иран. Како што се јавува делегацијата била од иранското министерство за енергетика која допатувала во Багдад со цел потпишување на договор со ирачките власти.
XS
SM
MD
LG