Достапни линкови

Граѓаните се жалат на високите цени


Подготовката на традиционалната зимница оваа есен ќе ги чини скапо македонските домаќинства. Пиперките се продаваат по цена од 50 денари за килограм, што е двојно поскапо отколку лани, а исто така двапати поскапа е зелката. Бранот поскапувања во земјава се пренесува од регионот и европскиот континент, каде што сушата драстично влијаеше врз родот на годинашните култури. Покрај цените на зеленчукот и овошјето, поскапе и маслото за јадење кое е неопходно за подготовката на зимницата. Граѓаните велат дека скапотијата се одразува на домашниот буџет а тоа пак на количината на зминицата која вообичаено ја подготвуваат:

„Имаме ниски пензии“
„Нешто направи, нешто не направи.“
„По малку само, за нашата пензија.“


Покрај градинарските култури годинава поскапе и лебот, а најавено е и покачување на цените на млекото и млечните производи и месото,кои ќе поскапат најдоцна до почетокот на септември годинава. Анализите на заводот за статиска покажуваат дека една просечна нето плата е доволна за четиричлено смејство да може да ја набави основната поторшувчка кошница.

Имено според Заводот просечната нето-плата по работник во месец март годинава изнесувала околу 14 илјади денари. Од оваа заработувачка за храна и пијалоци македонските грагани трошеле повеке од 10 иљади денари. Според податоците на агенцијата за вработувањето пак во земјава во месец јули годинава имало повеке од 36 илјади гргани кои не се вработени, односно не остварувале никакви приходи.

Освен кај нас поскапувањата веќе се почувствуваа и на регионалниот пазар. Во Хрватска цената на лебот се зголеми за десет проценти,а слична е состобата и во соседна Србија каде здружението на приватни пекари препорачуваат зголемување на цената на лебот поради поскапувањето на цената на пченицата и брашното. За тоа дека постои проблем на глобално ниво говори и податокот од светските берзи, кој покажува дека залихите на жито во светот се најмали во последните три децении.
XS
SM
MD
LG