Достапни линкови

logo-print

Пекинг: Ангела Меркел ја повикува Кина да ја подобри демократијата пред ОИ


Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика денеска кинеските власти да ја подобрат состојбата со човековите права и слободата на печатот во земјата. Во говорот во кинеската академија за социјални студии во Пекинг, Меркел изјави дека пред и за време на Олимписките игри во наредната година, Кина ќе биде во фокусот на меѓународната заедница. Меркел по три-дневната посета на Кина, утре заминува за Јапонија.
XS
SM
MD
LG