Достапни линкови

logo-print

Блед: Шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ ја напушти свечената вечера


Шефот на српската дипломатија Вик Јеремиќ ја напушти свечената вечера приредена во чест на учесниците на Стратешкиот форум на Блед во знак на протест поради тоа што не му било овозможено да реагира на говорот на специјалниот пратеник на ОН Марти Ахтисари. На вечерата на која присуствувале повеќе од сто гости, Ахтисари говореше за Косово при што изјави дека ова нерешено прашање ја загрозува стабилноста на Западен Балкан. Според Ахтиасри, Косово треба да се реши пред 10 декември, кога Контакт групата би требало да ги соопшти резултатите на дополнителните преговори меѓу Белград и Приштина.
XS
SM
MD
LG