Достапни линкови

Најмалку 60 жртви, античката Олимпија спасена


Во Грција продолжува битката против пожарите кои веќе 4 ден беснеат во земјата при што настрадаа најмалку 60 луѓе. Иако, пожарникарите успеаа да ја спасат античката Олимпија, во Грција избувнаа 60 тина нови пожари. Во гаснењето на пожарите учествуваат повеќе земји, а помош понуди и Македонија.

Официјално, изгорени се илјадници хектари шума, а стотици луѓе се евакуирани од селата, хотелите и одморалиштата поради пожарите кои зафатија речиси половината од грчката територија. Портпаролот на грчките пожарникари Никос Диамандис забележа дека пожарникарите ја однесоа победата над огнот на терените на античките олимписки игри, но додаде дека се уште не се знае колкава е штетата.

„Јас сум тажен, бидејки морав да го напуштам мојот дом и сега куќата ке ми изгори целата.“

изјави за Ројтерес 89 годишен жител на селеото Греко во Грција.
Во гаснењето со пожарникари, опрема и авиони учествуваат и Франција, Италија, Шпанија, Русија и други земји.

„Многу земји одговорија и испратија засилување. Кипар испрати 6 пожарникарски машини и 60 пожарникари. Франција испрати 60 пожарникари. Италија испрати два авиона.“

вели Никос Дијамантис портпарол на грчката пожарникарска служба наведувајки дел од помошта која пристигнува и натаму во Грција.

Помош мегу другите земји понудии Македонија. Грчките власти пак понудија милион евра за информации кои би довеле до апсење на подметнувачите на пожарите. Има сомневања дека пожарите во зсе намерно предизвикани бидејќи законите во Грција забрануваат изградба на објекти во шумите, но не и на изгорено шумско земјиште. Пожарите кои последните три дена ја зафатија Грција се оценуваат како најсериозни во последните неколку децении.
XS
SM
MD
LG