Достапни линкови

Проблемот со невработеноста да не се маргинализира, порачуваат експертите


35,8 проценти од населението во земјава е невработено, а 64,2 проценти активно, покажуваат официјалните податоци на Заводот за статистика во првиот квартал годинава. Ова велат оттаму значи дека споредено со последниот квартал од минатата година бројот на вработени е зголемен за 0,1 насто, а бројот на невработените покажува намалување за 3,5 насто. Ваквите тенденции на пазарот на трудот не го маргинализираат проблемот со невработеноста, велат од Центарот за економски анализи.

„Проблемот не е во флексибилноста на работната сила, туку во решавањето на проблемот на структурната невработеност и решавањето на проблемот на разликите во вештините што ги имаат оние коишто активно бараат вработување и работодавачите“

изјави економскиот аналитичар Марјан Николов

Покрај тоа, Николов посочува дека голем проблем во земјава претставува и поттценетоста на работникот на пазарот на трудот. Според него трендот во кој работникот мора да се задоволи со пониска реална плата треба да се менува.
Економистите посочуваат дека дел од лицата кои се водат како невработени, всушност се активни, односно работат непријавени.
Од Трудовиот инспекторат, орган надлежен за контрола на пазарот на трудот велат дека оваа година биле извршени 16 865 контроли, а притоа биле забележани прекршувања на законот на работни односи.

„Најчесто, значи, непријавување на лица, без договор за вработување. Затекнати работници вон работното време, неплаќање на плати и придонеси, несоодветни услови на работното место,“

изјави директорот на Инспекторатот, Феџри Селами

Тој посочува дека не ретко се случува мерките што ги презема инспекторатот да не се почитуваат од работодавците, а за тоа го обвинува бавното судство.

„Судството не е толку ажурно. Сметаме дека нешто ќе се промени во тој дел, за и ние да функционираме.“

Доколку се утврдат неправилности на работното место, законот предвидува парични санкциикои се движат од 50 до 250 000 денари, информираат од Трудовиот инспекторат.
XS
SM
MD
LG