Достапни линкови

МВР тврди дека нема индикатори што сериозно би ја нарушиле безбедносната состојба во Македонија


Градоначалникот на општината Чучер Сандево Воислав Киранџиќ под чија општина припаѓа и скопското село Танушевци се жали на слаба соработка со полицијата во момент кога ова село во повеќе наврати се доведува во корелација со вкупната безбедносна ситуација во државава. Имено дековиве поранешниот пратеник Џезари Шакири изјави дека македонската полиција не е добредојдена во скопското село Танушевци и оти тоа е контролирано од месното население. Шакири најави и организирање на референдум за припојување на селото кон Косово поради негрижата на македонските власти за проблемите на локалното население. За соработката локална самоуправа – полиција Киранџиќ вели:

„Со полицијата имаме многу мала соработка. Не знам кои се причините. Само информативно разговараме така, дали има проблеми или нема проблеми.“

Патроли на полицијата ја имаат посетено општината, но подетални информации не ни се доставуваат, а не знаеме ниту дали го посетуваат селото Танушевци, информира Киранџиќ. Тој вели дека од безбедносен аспект и во комуникацијата меѓу граѓаните засега не се почувствувани проблеми но изразува загриженост за инфраструктурните проблеми со кои се соочува месното население во ова село.

„Јас не гледам проблем. Јас неделава два пати бев. Жителите комуницираат. Бев поради школото, патот, јас го гледам како проблем со инфраструктура, струја таму луѓето немаат 40 дена.“

Освен најноновиот случај со најавата за референдум скопско танушевци се поврзува и како можно скривалиште за седумината затвореници што неодамна избегаа од косовскиот затвор Дубрава. Минисерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска во изјава за Радио Слободна Европа вели дека засега немаат потврда за информациите дека дел од затворениците се на македонска територија.

„Со косовската полиција во однос на конкретниве случаи разменуваме информации, знаете за да кажам јас таква информација треба да имаме потврда, јас немам таква потврда.“

Во МВР тврдат дека имаат конторла врз целата територија на државата. Министерката вели дека МВР тоа повеќепати го докажало.

„Ние тоа го докажавме со сите акции кои во последно време ги преземаме, и во Танушевци и во Чаир и во Арачиново.“

Освен Бегствата на затворениците од Косово, меѓу кои двајца Лирим Јакупи и Рамадан Шити, бегството на затвореникот Џемаил Исени или т.н. Џејми Шеј од скопскиот затвор Идризиво, неодмна во тетовско османаа и графити со содржина „република Илирида“. Оценката на Министерството за внатрешни работи е дека засега непостојат индикатори кои сериозно би ја нарушиле безбдносната состојба во Македонија.
XS
SM
MD
LG