Достапни линкови

logo-print

Токио: Ангела Меркел во посета на Јапонија и Кина


Германската канцеларка Ангела Меркел вчера ја започна својата шест дневна посета на Кина и Јапонија. Целта на посетата е зајакнување на мерките против глобалното затоплување. Клучниот говор како што јавуваат агенциите ке го одржи во Јапонија по повод десет годишнината од потпишување на Кјото протоколот за климатските промени. Во Пекинг се очекува Меркел да изврши притисок врз кинеските власти да го намалат испуштањето на штетни гасови кои влијаат врз создавање на ефектот на стаклена градина.Денеска по иницијатива на Обединетите Нации во Виена стотици преставници на влади, индустрии и научници ке расправаат за справувањето со климатските промени.
XS
SM
MD
LG