Достапни линкови

Власта смета дека меѓуетничките односи се добри, опозицијата со спротивен став


Една година по владеењето на коалицијата ВМРО ДПМНЕ - ДПА преставниците на владеачките партии меѓутничките односи ги оценуваат како добри. За разлика од нив опозиционерите критикуваат одосите се влошени. Силвана Бонева од ВМРО ДПМНЕ и Оливер Спасовски од СДСМ за своите тврдења се повикуваат на анкетите:

„Ако се земат предвид анкетите кои беа спроведени во моменти кога ДУИ беше надвор од Собранието, само неполн еден процент од граѓаните се изјаснија дека немаат стабилни меѓуетнички односи. Тоа покажува јасно дека проблемите кои ги имаат политичките партии не допираат до граѓаните директно.“

„Пред 2002 година во анкетите најважно прашање беше безбедноста и добрите меѓуетнички односи. Потоа, во периодот од 2002 до 2006 никој не го поставуваше ова прашање, а сега се прашувам зошто повторно се поставува и тоа не е добро за Република Македонија.“


Спасовски пак вели дека односите мегу партиите влијаеле врз населенито од различна етничка припадност:

„Мислам дека нема дијалог меѓу партиите во Собранието, пред се меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, односно целата опозиција со власта.“

Директно влијние врз влошување на мегуетничките односи изврши одлуката на Груевски да не ги почитува албанските гласачи и да формира влада со ДПА вели Муса Џафери од Демократската Унија за интеграција:

„Се одеше на судир, само врз калкулацијата дека со ова ВМРО-ДПМНЕ ќе добие поддршка и добива и со тоа ќе има добар рејтинг, ако има судир со начелата на Рамковсниот договор.“

И додека Џафери вели дека и реализацијата на рамковниот договор кој треба да донесе подобри мегуетнички односи е забавена од владината ДПА го трвдат спротивното. Забрзано работиме на остварувањето на обврските кои што ни останаа вели Флора Кадруи:

„Делот од обврските на Охридскиот договор за правична застапеност на припадниците од етничките заедници во администрацијата. Во 2007 година се одвоија 327% повеќе материјални средства во однос на претходните четири години,“

објаснува Кадриу.
XS
SM
MD
LG