Достапни линкови

Вашингтон: Републиканскиот сенатот Џек Ворнер бара повлекување од Ирак


Влијателниот републикански сенатор Џек Ворнер побара од американскиот Претседател Џорџ Буш да започне лимитирано повлекување на американските трупи од Ирак. Ворнер, кој неодамна се врати од Ирак сугерира повлекување на 5 илјади војници до Божиќ. Според него тоа ќе ја натера ирачката влада да направи прогрес во политичката обнова што ќе го стабилизира Ирак. Неговиот коментар доаѓа по новиот извештај на Националното разузнавање во кое се прогнозира дека ирачката влада ке стане по несигурна во следните 6 до 12 месеци.
XS
SM
MD
LG