Достапни линкови

Белград: ФИФА ја зголеми казната за Фудбалскиот сојуз на Србија


Дисциплинската комисија на Европската фудбалска федерација реши да му ја зголеми казната на Фудбалскиот сојуз на Србија поради расистичките пароли кои српските навивачи ги скандирале на Европското првенство за младинци во Холандија, на натпреварот против Англија. Фудбалскиот сојуз на Србија наместо 40 илјади, колку што првиот пат бил казнет, ќе мора да плати 100 илјади франци. ФСС веднаш ќе мора да плати 50 илјади франци, а остатокот ќе мора да го исплати доколку навивачите на српската репрезентација направат некаков инцидент во следните две години.
XS
SM
MD
LG