Достапни линкови

Во УЈП информираат дека за 15,7% е зголемен приливот од даноците


Додека експертите сметаат дека заживувањето на економијата не е доволно и негледаат простор за мерките што изминатава недела ги воведе владата, а се однесуваат на намалувањето на Данокот на Додадена Вредност за лековите и јавниот транспорт како и зголемувањето на платите и пензиите, од владините институции информираат дека изминатава година е забележан пораст на собраните даноци што овозможува ,,покривање,, на буџетските трошоци од воведувањето на овие мерки. Во Управата за јавни приходи за тоа колкав е вишкото собрани даночни средства информираат:

„Наплатата на даночните приходи бележи зголемување на 15,7%.“

Вели Весна Новаковиќ портпарол на УЈП.
Неделава владата одлучи да го намали Данокот на Додадена Вредност за лековите од 18 на 5 отсто. Оваа одлука според пресметките ќе предизвика загуби во буџетот за 11 милиони евра. Намалувањето на ДДВ на истиот процент, за услугите во јавниот транспорт ќе го чини буџетот 150 милиони денари, а за зголемувањето на платите на над 108 илјади вработени во администрацијата пресметките се дека наместо планираните 409, ќе треба да се издвојат 550 милиони евра. Дури и да има резерви во буџетот, првото образложение што владата го дава за воведувањето на овие мерки, професорот по економија Ванчо Узунов смета дека би било подобро тие да пари да се инвестираат во развојни проекти:

„Владата требаше по мое мислење да направи развојни проекти, а не да дава плата на администрација која не е поефикасна. Да, обучија повеќе да се дадат истите тие пари наместо за плати во обука за администрацијата, тоа веќе ќе беше инвестиција.“

Освен со доволните средства во буџетот за да покријат дополнителните загуби во него, премиерот Никола Груевски во образложението за оваа владина одлука истакнува дека таа се воведува и како резултат на заживувањето на економијата.. Со ваквото образложение за не се согласуваат експертите:

„Во македонската економија негледам никаков помак, ниту на полошо што е добро, ама ниту на подобро. Кои нови фирми, кои нови фабрики, кој нов извоз го регистрира Македонија?“

Смета професор Узунов. Опозицијата пак ги нарекува ваквите мерки популистички и изразува стравувања:

„Ваквите популистички мерки на подолг рок ќе проектираат сериозна дупка во буџетот.“

Вели портпаролот на СДСМ Емилијан Станковиќ. Владата посочува дека овие мерки се во согласност со ММФ и Светскта банка. Во првата меѓународна институција засега без коментар се до доаѓањето на постојаниот преставник за Македонија Берт Ван Селм, а во Светската банка ни изјавија дека сеуште е рано за да ги коментираат овие владини потези.
XS
SM
MD
LG