Достапни линкови

Приштина: Вофганг Ишингер на средби со косовските претставници


Претставникот на ЕУ во Преговарачката тројка за Косово Волфганг Ишингер денеска во Приштина ќе се сретне со претседателот на косовското собрание Коља Бериша и претседателот на Демократската партија Хашим Тачи. Ишингер од вчера е во дводневна посета на Приштина на разговори со косовските претставници за состанокот што на 30-ти август Преговарачката тројка ќе го има со претставниците на Белград и Приштина. Тој вчера се сретна со косовскиот претседател Фатмир Сејдиу и премиерот Агим Чеку. Европскиот претставник пред почетокот на посетата на Косово за лондонскиот весник „Гардијан“ ги отфрли шпекулациите дека Европската унија ќе поддржи поделба на територијата на Косово.
XS
SM
MD
LG