Достапни линкови

logo-print

Анкара: Втор круг од гласањето за претседател на државата во турскиот Парламент


Денеска во турскиот Парламент треба да се одржи вториот круг од гласањето за новиот претседател на земјата. Ниту еден од тројцата кандидати не успеа во првиот круг да ги обезбеди потребните 367 гласа или квалификуваното мнозинство, за да биде избран за иден шеф на државата.Кандидатот на владејачката Партија на правдата и развојот, министерот за надворешни работи Абдула Ѓул во првиот круг освои 341 глас. Третиот и завршен круг за избор на претседател во турскиот Парламент треба да биде одржан на 28 август.
XS
SM
MD
LG