Достапни линкови

Хаг: Карла Дел Понте ќе биде швајцарски амбасадор во Аргентина


Главниот хашки обвинител Карла Дел Понте е именувана за амбасадорка на Швајцарија во Аргентина, соопшти швајцарското министерство за надворешни работи. „После 26 години поминати како обвинител, и двата мандата во Хашкиот Трибунал, очекувам нови предизвици во работата како амбасадор, се вели во соопштението од главниот хашки обвинител што го прочита нејзиниот портпаролот Олга Кавран. Мандатот на Дел Понте во Хашкиот Трибунал завршува кон крајот на годинава, а од први јануари 2008 година таа треба да ја преземе амбасадорската должност.
XS
SM
MD
LG