Достапни линкови

Да се почитуваат принципите на Контакт групата односно неподелба на Косово


Во овој момент нема индиции за сериозано загрозување на стабилноста на Република Македонија, изјави шефот на државата Бранко Црвенковски по денешниот состанок на Националниот Совет за безбедност:

„Имајќи ги во предвид информациите што ги добивме од надлежните министерства и надлежните служби, во овој момент нема индиции за сериозно загрозување на стабилноста на Република Македонија, се разбира потенцијалните ризици не ги потценуваме и затоа и донесовме заклучок надлежните министерства да ја следат работата, благовремено да информираат и доколку е потребно навреме да реагираат.“

Од наша страна посебно се потенцира, додаде Црвенковски тројката која што ги води преговорите за идниот статус на Косово да ги почитува принципите на Контакт Групата односно неподелба на Покраината, неможност за спојување со други држави и не состојба од пред 1999 година:

„Меѓу кои што се наоѓаше и принципот за невозможност за поделба на Косово. Ова посебно го потенцираме имајќи во предвид дека евентуалната таква поделба единствено би можела да се направи по етнички линии, а тоа би значело охрабрување на мноштво радикални структури кои што постојат во целиот регион и неможеме да ди потцениме ризиците кои што од тоа би произлегле.“

Потенцирајки ја подршката на трите принципи министерот за надворешни работи Антонио Милошоски изјави дека државата ќе продолжи да инсистира на демаракацијата на границата со Косово:

„Вклучително и принципот на целосна техничка, брза демаркација на границата според договорот депониран во ОН.“

Меѓу заклучоците од денешната седница кои како важни ги издвои претседателот Црвеснковски е и подршката која ја дава земјава на новиот формат на водење преговори. Очекувањата пак се дека решението за статусот на Косово кое што ќе произлезе ќе го стабилизира регионот и ќе му овозможи евроатланска интеграција. Државниот врв ќе иницира и средби со тројката преговарачи односно со претставници на Соединетите Американски Држави, Европската Унија и Русија. На седницата на националниот Совет за безбедност покрај членовите по функција односно претседателот на државата и на парламентот, премиерот, министрите за надворешни, внатрешни работи и одбрана по покана присуствуваа и началникот на генералштабот Мирослав Стојановски и шефот на Агенцијата за разузнавање Кире Наумов.
XS
SM
MD
LG