Достапни линкови

Нема поголема безбедносна закана за Македонија


Политичко-безбедносната ситуација во Македонија и во регинот поврзана со преговори за идниот статус на Косово се актуелните случувања за кои денеска расправа Националниот Совет за безбедност. Седницата ја свика шефот на државата Бранко Црвенковски откако беше отворена можноста за поделба на покраината што предизвика прогнозите на некои аналитичари да одат во насока дека истото би можело да се случи и во Македонија. Откако избега затворениците од косовскиот затвор Дубрава пак некои медиуми повикувајки се на разузнавачки извори објавија дека тие се наогаат во скопско Танушевци и ке ја дестабилизараат земјава доколку крајниот исход за статусот на покраината не е независнот. Пред денешната седница министерот за одбрана Лазар Еленовски за Радио Слободна Европа изјави дека според нивните проценки нема поголема безбедносна закана:

„Доколку некои групи започнат некакви активности нормално дека ќе се реагира меѓутоа ние се разбира дека ќе реагираме со нашите сојузници од НАТО, имајќи предвид дека Македонија е главна логистичка база за КФОР и НАТО од 1999 година, а од друга страна таму навистина има значајно воено присуство на НАТО така да мислам дека во една заедничка координација било какви безбедносни ризици ќе бидат надминати.“

Оценката на министерот е дека политичко безбедноста ситуацијата во регионов во моментов е драстично поразлична од пред неколку години. Сега вели Еленовски силите кои би можеле да донесат дестабилзиација се помалку и се маргинализирани

„Од друга страна конкретно со ситуацијата на Косово која и да е опцијата, и покрај тоа што актуелен е планот на Ахтисари, ние сме демократска држава, правна држава веќе навлезена длабоко во интегративните процеси и секако дека тоа навлегување во секој случај ја зајакнува нашата безбедност.“

Покрај Еленовски членови на Националниот Совет за безбедност се шефот на државата Црвенковски, премиерот Груевски, претседателот на собранието Љубиша Георгиевски, министрите за внатрешни и за надворешни работи Јанкуловска и Милошоски, а со одлука на претседателот за членови се именувани и министерот за здравсто Имер Селмани, Муса Џафери од ДУИ и Јован Манасиевски од Либерално демократската партија. Владата и претседателот досега покажаа лоша кохабитација за повекето прашања.Ставот на држава во однос на Косово и спорот со името со Грција се двата проблеми за кои имаат исти позиции.
XS
SM
MD
LG