Достапни линкови

logo-print

Приштина: Посета на европретставникот на преговарачката тројка за Косово


Европретставникот во преговарачката тројка за Косово Волфганг Ишингер за време на дводневната посета на Приштина ќе разговара со претседателот на Фатмир Сејдиу и со премиерот Агим Чеку. Пред посетата Ишингер во интервју за лондонски Гардијан ги отфрли сугестиите дека Брисел е за поделба на покраината, наведувајќи дека станува збор за нереална опција. Во меѓувреме рускиот претставник во тројката Александар Боцан Харченко повтори дека Русија се противи на на поставување рокови за решавање на косовскиот проблем. Тројката на триесетти овој месец во Виена ќе има одвоени разговори со претставници на Приштина и на Белград.
XS
SM
MD
LG