Достапни линкови

Покрај скриената дискриминација се поприсутна е и јавна дискриминација


Официјалните податоци покажуваат дека во Македонија и на Балканот, Ромите за првпат се појавиле во 13 век,раскажува Љатиф Демир аналитичар на ромското живеење. Иако според неговите сознанија на оваа територија тие биле присутни и многу порано.

„Некои податоци кои сеуште не може да се верификуваат како официјални податоци зборуваат за присуство на Ромите на Балканот во 11 век, а со тоа и во Македонија. Но, најголем број на Роми дошле со доаѓањето на Османлиите во Македонија,“

вели Демир и додава дека според истражувањата,оваа група на луѓе потекнува од Индија.

„Причините зошто ја напуштиле Индија, пред се, економски, а од друга страна и војните кои се воделе.“

Стереотипите за оваа нација се појавуваат во 9 век, со нивното доаѓање на европското тло. Причина за ова вели Демир, било тоа што за европјаните овој народ и неговата култура биле посебни и несекојдневни. Тогаш, европјаните Ромите ги нарекувале атхинганои или ацинганои што пак значи недопирливи.

„Тие знаеле специфични занаети, специфични инструменти. Тие луѓе имале различна боја на кожата, различни традиции и обичаи. Сето тоа придонело за створање ѕид кон Ромите, да не ги сфаќаат и да се појават стереотипи.“

Иако Македонија е пример за држава каде ромите имаат најмногу права,според законската регулатива, многу од нив се прекршуваат во пракса.

„Најчесто правата кои се гарантирани со Уставот и законите се прекршувани, а до сега немаме ниту еден случај некој да сноси одговорност за тоа,“

вели експертот Реџеп Али Чупи и додава дека во државава има скриена дискрминација, за разлика од останатите земји во Европа каде ромите се јавно дискриминирани.

„Во Република Македонија имаме полоша форма на дискриминација, скриена дискриминација, која Ромите не може да ја препознаат. Но, за жал во последно време зема замав и јавната дискриминација.“

Според последните статистчки податоци во Македонија живеат околу 54 000 Роми.
XS
SM
MD
LG