Достапни линкови

logo-print

Македонија е способна самата да ја гарантира својата стаблиност


Стабилноста и виталноста кои што ги покажавме изминативе години ни го донесоа статус земја кандидат за влез во европската унија и ни ја отворија можноста за членство во НАТО алијансата во скоро време-оценува министерот за надворешни работи Антонио Милошоски одговарајки на прашањето дали овие две институции се гаранција за неменливоста на нашите граници

„Во секој случај, Македонија е способна и сама за себе, но и заедно со своите партнери НАТО и ЕУ не само да ја гарантира својата стабилоност, туку и да ја шири во своето соседство.“

вели Милошоски и додава дека на Евроспакта унија и на НАТО Алијансата им е потребна стабилна Македонија

„Овие две организации, особено НАТО, исто како и ние од нив и тие од нас профитираат од нашата стабилност. Македонија игра улога на додадена вредност во однос на стабилноста во регионот, и затоа сметам дека поддршката на овој курс значи и создавање на подобри услови за решавање на нестабилните прашања во регионот, како што е прашањето на Косово.“

Спротивно од министерот експертите се поскептични во однос на стабилноста на државава. Професорот по разузнавање Стефан Буџаковски вели дека ситуацијата релативно наликуваа на онаа пред конфликтот.Според него државата не подготвена да се справи со евентуалниот таков развој на настаните

„Мислам дека Македонија воопшто не е подготвена на таква работа. Можеби е технички подготвена, но мислам дека нема подготовка.“

Инаку некои медиуми повикувајки се на разузнавачки извори од министерството за внатрешни работи објавија дека затвореници кои избегаа од косовскиот затвор Дубрава се во Танушевци и подготвуваат терен за дестабилизација на Македонија доколку покраината не добие независност. Буџаковски вели дека такво сценарио не е нереално а нападот на полициска станица во Гошинце бил некој вид најава за дестабилизацијата. Поради актуелната состојба врзана за идниот стаус на покраината претседателот на државата Бранко Црвенковски за утре свика и седница на Советот за безбедност посветена на политичко безбедноса ситуација во државата и во регионот.
XS
SM
MD
LG