Достапни линкови

Лондон: Попладневно средба Браун - Меркел


Германската канцеларка Ангела Меркел денеска попладне во Лондон ќе разговара со британскиот премиер Гордон Браун. Како што е најавено, главни теми се иднината на Европската Унија, ситуацијата на Блискиот исток, во ИРак и во Авганистан. Пред посетата, опозиционите конзервативци во Британија го повикаа Браун да закаже референдум за новиот договор за функционирање на Европската Унија. Инаку, Меркел и Браун вечер на Вембли ќе го следат и прујателскиот фудбалски натпревар меѓу Англија и Германија.
XS
SM
MD
LG