Достапни линкови

Монтебло: Самит посветен на економските и безбедносните односи меѓу САД, Канада и Мексико


Лидерите на Соединетите Држави, Канада и Мексико ги продолжуваат разговорите во Монтебло – Канада на самитот посветен на зацврстување на економските и безбедносните односи. Џорџ Буш, Стивен Харпер и Фелипе Калдерон разговараа и за војната против тероризмот. Канада има 2500 војници во Авганистан и нивниот мандат завршува во фебруари 2009 доклку парламентот не го продолжи. Мексиканскиот претседател Калдерон мораше да напушти неколку средби поради ураганот Дин кој се спушти на бреговите на Мексико.
XS
SM
MD
LG