Достапни линкови

logo-print

Позицијата на САД е Косово да стане независно во 2007


Позицијата на Соединетите Држави е Косово да стане независно во 2007 изјави на брифингот во Вашингтон за Радио Слободна Европа американскиот државен потсекретар Николас Барнс. Главниот фокус на брифингот беше иранското нуклеарно прашање.

Вашингтон останува ангажиран на Балканот. Косовското прашање, според американскиот државен потсекретар Николас Барнс треба да се затвори до крајот на 2007 година

„Ние се трудиме многу да го подржиме предлогот Косово да стане независно во 2007. Тоа е позицијата на нашата земја.“

Инаку, брифингот во Вашингтон беше посветен на иранското нуклеарно прашање. Американскиот државен потсекретар Николас Барнс изјави дека диплматската опиција мора да биде исцрпена пред да се земат предвид други опции за да се натера Иран да ја напушти својата нуклеарна програма. Но Барнс ги отфрли сугестиите дека одлуката на Иран да одговара на прашањата на Меѓународната Агенција за Атомска енергија треба да ги сопрат напорите за донесување нов пакет санкции во Советот за Безбедност на Обединетите Нации. За тоа дали американските сојузници се подготвени да му се придружат на Вашингтон по поголема акција доколку нема прогрес со дополнителните санкции Николас Барнс изјави.

„Јас мислам дека европските сојузници посебно Франција и Велика Британија мнугу силно ги подржуваат овие напори. Но има повеке од тоа што можеме да го сториме во Советот за Безбедност. Ние сега гледаме дека неколку европски банки решија да ги прекинат сите позајмици за Иран. Видете, Иран не е Северна Кореја. Тие не сакаат да живеат во изолација. Ним им требаат инвестиции и кредити и трговија со меѓународната заедница. Затоа акцијата на овие банки е многу важна работа, бидејки се покажува оти не се прави бизнис како и обично.“

На прашањето дека иранските медиуми прашуваат зошто Вашингтон има нуклеарни воени договори со Пакистан и Индија и дека тоа им се дозволува на други земји но не и на Иран Барнс рече.

„Причината зошто толку многу земји, меѓу кои и оние кои не ни се сојузници гласаат за санкции против Иран е бидејки тие не и веруваат на иранската влада. Ние и веруваме на Индија која е одговорна во поглед на нукеларната технологија и не продава на црниот пазар. Им веруваме на Франција и Британија, но не му веруваме на Иран.“

Дипломатијата останува стартегиска определба за решавање на ова прашање рече Барнс.

„Никој не треба да се сомнева дека сме фокусирани на дипломатијата. Соединетиет Држави ке продолжат даработат со европските сојузници за подршка на нивните преговори со Иран.“

Ставот на Вашингтон, како што изјави и перетседателот Џорџ Буш, е јасен – постојат многу опции, мегуи кои и воената, но сепак и се дава предност и време на диплоаматијата.
XS
SM
MD
LG