Достапни линкови

Пократок рок за добивање дозвола за градење


Владата со измени во законот за градење ќе го средува урбанистичкиот хаос во земјата. Од градежните фирми велат дека доколку се спроведе законот како што е замислен, тогаш ке им се олесни работата, особено околу издавањето на лиценци.

„Доколку се спроведе, како што е замислен со одредени корекции во одредени делови, мислам дека ќе донесе до средување на работите во градежниот дел. Значи, секој ги знае својот дел, ингеренциите и мислам дека во секој случај ќе подобри,“

вели Ангел Анастасов сопственик на скопска градежна фирма.

Миле Јанакиевски,министер за транспорт и врски,посочи дека со измените на законот за градење се скратуваат роковите за издавање одобрение за градба од седум на пет дена, а давањето согласност и мислења од надлежни органи треба да се обезбеди наместо за петнаесет за пет дена. Во законот како што рече Јанакиевски, е применето и правото на молчење, што значи дека доколку за пет дена не се издаде одобрение за градба, ќе се смета дека тоа е издадено.

„Доколку граѓанин достави барање во општината за да добие одобрение за градба, со потполни документи, доколку општината во рок од пет дена не издаде одобрение за градење, самото барање ќе се смета дека е доставено одобрение за градење. Притоа, предвидена е глоба во денарска противвредност која ќе се изрекува за прекршок. “

Во законот се предвидува и воведување на надзорен инженер кој ке врши контрола во секоја фаза од изградбата и за тоа да составува писмен извештај. Со новото законско решение градежниот инспектор пак, ќе добие дозвола да донесе решение со кое на терен ќе може да забрани изградба на објект за кој градителот не ја обезбедил потребната документација. Доколку изведувачот и понатаму гради, Владата сега дава дозвола, надлежните да му го одземат градежното земјиште.

„Надзорниот инженер доставува извештај до општината и до надлежниот градежен инженер вработен во општината.“

Од министерството за транспорт и врски велат дека одобрението за градење на објекти,задолжително ке се евидентира во јавната книга, односно во катастер. Со ова како што велат упатените, оние кои сакаат да купат стан ке имаат можност да видат дали таа зграда имала одобрение за градба и да видат кој е сопственик на земјиштето.
XS
SM
MD
LG