Достапни линкови

Се зголемува бројот на млади луѓе кои сакаат да работат во Македонија, а не надвор


За разлика од порано, денес е се поголем бројот на млади луѓе кои сакаат да работат во земјава, а не надвор посочуваат од агенцијата за посредување при вработување. Ова вели, Дарко Велков од Вработување Берза го покажуваат нивните анализи според кои младите се оние кои бараат работа преку интернет берзата на трудот.


„Се повеќе се млади луѓе, коишто почнуваат да ја користат Интернет технологијата. Многу од нив имаат добри курсеви и сфаќаат дека тука не е крај и постојано се усовршуваат.“

Велков вели дека потенцијалните кандидати за работа најголем интерес покажуваат за приватниот сектор. Во државните институции политиката е премногу навлезена, посочува тој.

„Поатрактивен е приватниот сектор, каде што има раководни позиции. Во државниот сектор сеуште има тенденција политичките гарнитури да примаат свои членови, така што мислам дека ако немаш некои конекции, нема ниту желба да одат веќе.“

И младите признаваат дека повеќе би сакале да работат во приватни организации. Понекогаш велат некои од анкетираните не се пресудни ниту месечните примања, туку работната атмосфера во фирмата. Но, за да се добие посакуваната работна позиција, велат повеќето од нив најважно е да се поседуваат одредени вештини.

„Можеш да фатиш врски.“
„Најбитно е школото.“
„Треба да си интелигентен, да не си срамежлив.“
„Многу е важно да знаеш што сакаш и да се трудиш да го најдеш тоа што го сакаш.“
„Ако успееш да си ја најдеш работата, земјава е многу убава и може да си ги оствариш сите сонови.“


Сепак има и такви за кои идеалното работно место е во некоја од западните земји.

„Тешко се доаѓа до работа со факултетите кај нас.“

Од агенцијата Вработување берза велат дека во следниве три до пет години очекуваат сериозен бум на пазарот на трудот, што пак го предизвикува влезот на странски брендови во земјава.
XS
SM
MD
LG