Достапни линкови

Опозицијата и власта го бараат виновникот во спротивниот табор


Законот за јавен обвинител и докомплетирањето на републичкиот судски совет се двете работи кои во собранието треба да се завршат што е можно побрзо за во извештајот од европската комисија во ноември да добиеме позитивна оцена- се согласуваат власта и опозицијата. Дали веќе доцниме со реформите од минситертвото за надворешни работи одговараат

„Во секој случај се работи за процеси и тековни реформи за коишто никогаш не е доцна или пак секогаш е доцна. Тоа е транзиционен период каде што динамиката на подготовките зависат од земјата кандидат за членство,“

вели портпаролот Шпреса Јусуфи

Спротивно од институциите Андреј Жерновски од опозиционата либерално демократска партија тврди испуштена е шансата да добиеме позитивна оцена која ќе преставува зелено светло за почнување на преговорите:

„Премиерот даде изјава на почетокот од годината, дека до јули, а знаеме дека сега сме август, ќе бидат завршени не само нашите обврски од тој аспект од 2007, туку дека до тогаш ќе ги завршиме и нашите обврски од 2008. Од тоа што до сега е сработено, односно не е сработено, за жал ние нема да добиеме позитивен извештај.“

Пратениците од владеачките партии пак се оптимисти.Работата во собранието ке се забрза откако опозицините и владеачките партии ќе постигнат договор за клучните закони вели Стојан Андов од либералната партија

„Јас мислам дека може сеуште и има услови. Треба да се концентрираме на тие работи и треба повеќе претходни договори да се направат за полесно секој од тие клучни закони да минат во Собранието.“

Власта и опзицијата судските реформи ги договараа неколку месеци но дијалогот се закочи кај докомлетирањето на судкиот совет.Премиерот Груевски тогаш најави дека не треба да очекуваме докомплетирање до септември.Во мегувреме партиите се обвинуваат едни со други дека се кочничари на процесите. Жерносвки и Андов и сега со различни ставови

„Има закони кои се носат со 61 пратеник. За оние со дво третинско ние веќе дадовме своја поддршка. Доказ за тоа е што поминале во првата фаза. Во старт кога имате ситуација кога мнозинството се жали на малцинството, знаете дека нешто таму не функционира.“

„Да излезе од ровот, таму каде што се вкопала опозицијата и едноставно ги блокира работите,“


велат Жерсновки и Андов
XS
SM
MD
LG