Достапни линкови

Се уште е можно договорено решение за Косово


Се уште е можно договорно решение за Косово, вели за Радио Слободна Европа Александар Боцан Карченко, рускиот претставник во посредничката тројка на Контакт групата. Неговиот пристап во разговорите за Косово е дека ништо не е невезможно.

Рускиот посредник Александар Боцан Карченко кој инаку е специјален претставник на руското министерство за надворешни работи за Балканот заедно со неговите колеги од Соединетите Држави и од Европската Унија Френк Визнер и Волфганг Ишингер пред десетина дена ги имаа првите разговори во Белград и Приштина. Следната рунда е закажана за триесетти овој месец во Виена. Во ситуација кога косовските лидери повторуваат дека нема да прифатат ништо помалку од независност на што се противат српските раководители, Боцан Карченко смета дека сепак се уште е можно да се најде компромисно решение:

„Не би сакал да влегувам во ова со фаталистички позиции. Мојот пристап е од перспектива дека би можело да се најде компромис меѓу Белград и Приштина. Ако се програмирате на фаталистички поглед, односно дека компромисно решение не е возможно тогаш нема никаква смисла учеството во нешто чија цел е да се дојде до заеднички договор.“

Вели Александар Боцан Карченко во интервјуто за Радио Слободна Европа. Тој прецизира дека во неодамнешите разговори на тројката во Белград, српските власти навеле оти биле подготвени да му понудат на Косово широка автономија во рамките на Србија, со меѓународно присуство.

„Нивните предлози се во рамките на проширена или контролирана автономија за Косово. Србија исто така сугерира нови елементи за зацврстување на косовската власт, но на ниво на автономија када што ќе има извесно ниво на меѓународно присуство.“

Последната рунда преговори беше покрената откако Соединетите Држави е нивните европски сојузници соочени со заканата со вето од страна на Русија во јуни годинава ја повлекоа резолуцијата од Советот за безбедност на Обединетите нации со која на Косово му се дава меѓународно надгледувана независност како што тоа претходно го предложи посредникот на Светската организација Марти Ахтисари.
XS
SM
MD
LG