Достапни линкови

Анкара: Прв круг гласање во Парламентот за избор на претседател на земјата


Турскиот парламент денеска треба да ја одржи првата рунда гласање за нов шеф на државата. Министерот за надворешни работи Абдула Ѓул, според очекувањата, би требало да мине уште на првото гласање со оглед на тоа што неговата Партија на правдата и развојот има над двотретинско мнозинство во парламентот колку што впрочем е потребно за избор на претстедател на Турција во првиот круг.
XS
SM
MD
LG