Достапни линкови

logo-print

Наха: 157 патници безбедно евакуирани откако се запалил авион на Чајна Ерлајнс


Сите сто пеесет и седум патници безбедно биле евакуирани од авионот на тајванската компанија Чајна Ерлајнс што се запалил на аеродромот во јапонскиот град Наха, јавуваат агенциите. Се прецизира дека авионот од типот Боинг седум три седум се запалил веднаш по слетувањето на аеродромот и оти патниците биле спасени целосно да изгори. Според некои наводи, четворицата членови на екипажот се уште се воделе како исчезнати. Во тек е истрага за причината на пожарот.
XS
SM
MD
LG