Достапни линкови

Кабул: Ослободена германската државјанка


Германската државјанка која во саботата беше киднапирана во Кабул, е ослободена при акција спроведена од страна на авганистанската полиција. Кристина Мајер која работела за една невладина организацијата, беше киднапирана од еден ресторан за брза храна во Кабул од страна на четири лица. Како што соопштија од авганистанската полиција, таа била ослободена за време на акцијата во западниот дел на градот, недалеку од ресторанот од кој беше киднапирана.
XS
SM
MD
LG