Достапни линкови

Багдад: Ирачаните да пронајдат решение за насилството, порача Бернар Кушнер при посетата на Ирак


Министерот за надворешни работи на Франција Бернар Кушнер на првиот ден од посетата на Багдад изјави дека ирачаните мора да пронајдат решение за насилството во земјата. Кушнер на заедничката прес конференција со ирачкиот министер за надворешни работи Хошијар Зебари истакна дека кризата во Ирак не може да се реши преку воен пат и оти решението треба да биде политичко. Францускиот шеф на дипломатијата е во три дневна посета на Ирак на покана на претседателот на земјата Џалал Талабани.
XS
SM
MD
LG