Достапни линкови

Над 1000 деца на улица, детскиот труд најмногу се злоупотребува од родителите


Десетгодишниот Сефедин е најстар од неговите брака и сестри. Тие живеат само со мајка им каде ке најдат,а парчето леб го заработуваат од питање.

„Десет денари ми даваат, за лепче, да купам салама, леб.“

Но тој не е единственото дете кое мора да заработува.Во земјава над илјада деца се на улица,само во Скопје околу 460 деца питачат, бришат и мијат автомобили велат од првата детска амбасада во светот „Меѓаши“

„Она што загрижува е што 15 насто децата се од пред учикишната возраст. Значи оние мали деца од шест – седум години што ги гледаме по улиците. 64 насто од децата се од возраст од седум до 14 години,“

вели Драги Змијанац извршен директор и соосновач на Меѓаши. Тој посочува дека детскиот труд најчесто се злоупотребува од страна на нивните родители, кои ги употребуваат како начин на егзистенција.

„Препорачувам на граѓаните, доколку забележат питачење, ако веќе сакаат да помогнат, подобро е да дадат прехрамбени производи, отколку да им дадат пари, затоа што тие пари ги користат или нивните родители, или оние кои ги изнајмуваат децата од родителите и профитираат на нивна сметка,“

Вељко Ивановиќ шеф на кабинет на министерството за труд и социјална политика, вели дека со закон се заштитени децата од економска експлоатација.Тој објаснува дека во законот за работни односи се забранува вработување на деца под петнаесет години.

„Законот пропишува и казни за работодавачот кој ќе вработи лице под 15 години,“

вели Ивановиќ и додава дека пред три години министерството за труд и социјална политика отвори дневен центар за згрижување на децата кои се на улица. Во овој центар како што вели Ивановиќ, стручниот тим работи на описменување на децата и стекнување на основни хигиенски навики.

„Во овој центар се згрижени 400 деца, а дневно се згрижуваат 227 деца. Во иднина се планира отворање на уште еден дневен центар во соработка со „Меѓаши“ во општина Аеродром, а обезбедена е и финансиска поддршка за функционирање на дневен центар во Шуто Оризари.“

Во светот на околу 250 милиони деца им се злоупотребува трудот.
Злоупотребата на детскиот труд не значи само физичка работа,туку и комерцијална сексуална злоупотреба,трговија со деца и деца војници.
XS
SM
MD
LG