Достапни линкови

Хаг: Судскиот процес против Шешељ почнува во ноември


Судскиот процес против лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ пред Хашкиот трибунал ќе почне во ноември годинава, соопштија претставници ан судот. Процесот ќе може да почне, бидејќи сите пречки, како што беа финансирањето на одбраната на Шешељ и проблемот со преводот на документите на српски јазик, се отстранети. Воислав Шешељ доброволно му се предаде на Хашкиот трубунал во 2003 година. Тој е обвинет за воени злосторства во поранешна Југославија поради прекршување на законите и правилата на војната и злосторства против човештвото.
XS
SM
MD
LG