Достапни линкови

logo-print

Кој стои зад настанот?


Руското министерство за внатрешни работи го истражува случајот со видео снимката на интернет во која е прикажно како руски нациналисто егзекутираат еден таџик и еден дагестанец. Грозната снимка покрена многу прашања. Кој стои зад настанот? Дали е автентичен? Како да се забрани злоупотребата на интернетот?

Интернет видео снимката на која, барем така изгледа, е снимена брутална егзекуција врз двајца страци предизвика жестоки дебати во Русија. Антон Носик од интернет компанијата во чија сопственост е блогерскиот веб ЛајвЏрнал каде што за прв пат се појави видеото вели:

„Прелиминарно цензорство на интернетот секако не е возможно. Луѓето објавуваат она што мислат дека би требало да се најде таму. Постои список на она за што корисниците се согласуваат дека не треба да го прават, но во него нема снимки на егзекуција.“

На филмот се прикажани двајца луѓе со заврзани раце и нозе врз кои виси огромно нацистичко знаме. Веднаш потоа други две лица со нож обезглавуваат еден од нив, додека другиот го убиваат со куршум во главата. Видеото е со забелешка од организацијата која себе си се нарекува Национал социјалистичка партија на Русија. Во неа се наведува дека партијата ја почнува битката против обоените колонисти и против руските бирократи кои ги поддржуваат. Исто така се бара и оставка од претседателот Владимир Путин и формирање влада која ќе ја води лидерот на неонацистичката група Национал социјалистичко општетство Дмитриј Руманцев. Во Русија веќе подолго време се случуваат расно мотивирани напади. Последниот, според Алекснадар Верховски од организацијата СОВА која ги следи ваквите инциденти, е автентичен и покрај тоа што името на организацијата е измислено.

„Никој не знае за оваа група, па може де се смета дека таа не постои. Мислам дека станува збор за неонацисти кои тоа го сториле најпрвин за да покажат на што се се подготвени, а потоа и за да наместат некој од нивните редови. Во случајот московската организација која се вика Национал социјалистичко општетство.“

Многумина интернет блогери кои се идентификуваат како ултранационалисти веднаш го осудија филмот со оценка дека станува збор за провокација со цел да се дескредитираат руските националисти. Повеќе медиуми во Русија одбија да објават слики од снимката со образложение дека со тоа ќе им дадат публицитет на неонацистите. Некои руски аналитичари не ја исклучуваат ни можноста самите руски тајни служби да ја поставиле видео снимката на интеренет со цел да оправдаат строгата анти екстремистичка легислатива која наскоро треба да стапи во сила.
XS
SM
MD
LG