Достапни линкови

Аналитичарите сметаат дека изјавите не треба да се потценуваат


Не треба да се потценува повикот за федерализација на земјава што неодамна беше упатен од Албанското национално движење Илирида, предупредуваат експертите. Најавите од одредени структури за создавање на република Илирида во Тетово е производ на делегитимација на албанскиот политички фактор во земјава и на кризата во меѓуетничките односи, вели проф. Хасан Јашари од Штуловиот Универзитет:

„Овие изјави се одраз на одредени внатрешни движења во етничките кампови. Слични проблеми сме имале и во минатото тоа се совпаѓа со кризните состојби од 1995-та, 1996, па и 1997-та година кога беа гостиварските кризни настани. Тој мозаик мислам дека сега доживува своевидно рециклирање.“

За да се избегнат евентуалнителоши сценарија за безбедноста, потребно е поодговорно однесување на полтичките фактори во земјава, посочува проф. Јашари:

„Одговорноста е на владата, на политичките структури кои што го сочинуваат парламентарното и владиното мнозинство. Мислам дека политичките структури во земјата треба сериозно да се позанимаваат со тој проблем.“

Од друга страна пак, Владимир Пивоваров, поранешен шеф на военото разузнавање, смета дека изјавите од ваков тип не претставуваат реална опасност за безбедноста во земјава:

„Закани конкретни по безбедноста од изјава на радикалисти се непродуктувни бидејќи немаат подлога меѓу населението. Немаат ниту моќ, ниту капацитет, ниту можности и она што е најбитно да се има подршка од меѓународната заедница.“

Вели Пивоваров според кој секој обид за создавање на големи држави завршува со неуспех:

„Иднината и на Албанија и на Македонија и на сите други е Европската Унија тогаш ќе нема граници, ќе нема создавање на држави, сите ќе бидеме едно семејство. Тука има едно поголемо прашање, дали ЕУ ќе стане „супер држава“ или сојуз на држави и доколку ЕУстане „супер држава“ тогаш ова прашање е апсолвирано.“

Во неодамнешното соопштение од Албанското национално движење Илирида се наведува дека нарушените права на Албанците, кои се граѓани од трет ред, се причина за федерално преуредување на државава и оти вооружени припадници на Илирида ја контролираат нејзината територија. Првиот човек на движењето Невзат Халили се огради од изјавите со изговор дека неовластено и неодговорно лице, кое треба да се лекува во прихијатриска болница, го злоупотребило името на движењето.
XS
SM
MD
LG