Достапни линкови

logo-print

Скопје: Денеска продолжува собраниската расправа за имунитетот на Бучковски


Во еден часот по полнок собраниската расправа за одземање на пратеничкиот имунитет на Бучковски беше прекината а продолжението е закажано за денеска во 11 часот. Прекинувањето на седницата следеше отако претседателката на СДСМ Радмила Шекериснка побара од потпреседателот на собранието Бесим Догани рапаравта да продолжи денекса за како што рече во нормални услови да им се овозможи на сите дискутанти да говорат.Догани реплицираше дека тој не може да носи политички одлуки бидејки пратениците веке гласале да работат и по 18 часот по што следеше координација со спикерот Георгиевски.Претходно Игор Иваносвки од СДСМ побара да биде емитувана снимка од седницата на законодавно праната комисја за која опзицинерите тврдат дека сеуште не е завршена а одлуката е нелегитимна.Неговиот предлог беше одбиен.Денеска пратнеците ке продолжат со дискусија за двете точки- одлуката на собраниската Комисија за деловнички и мандатно имунитетни прашања со која се одобрува изрекување мерка притвор на пратеникот Владо Бучковски и за Информацијата за случувањата на седницата на Комисијата Договорено е дискутантите да говорат по 10 минути, координаторите по 15 минути а Бучковски 30.
XS
SM
MD
LG