Достапни линкови

Вознемиреност на секуларистите


Потврдувањето на кандидатурата на турскиот министер за надворешни работи Абдула Гул за претседател на Турција предизвика вознемиреност кај приврзанците на секуларизмот, вклучувајки го и арамиското водство кое учествуваше на предвремените избори во турција. Како и да е партијата на Гул или Партијата на правдата и развојот победи на изборите и смета дека треба да има и кандидат за претседател на земјата.

Според некои анализи владеачката турска партија на правдата и развојот сака да се судри со секуларната елита во земајата кога е во прашање претседателското место. Нивниот кандидат за претседател Абдула Гул е поранешен исламист и неговата претходна кандидатура доведе до масовни протести на приврзаниците на секуларизмот, како и закани од воените претставнци дека армијата е можно ад превеземе активности ако биде загрозен секуларизмот во земјата. Сето ва доведе и до предвремени парламентарни избори во турција што се одржаа во јули.

Политичкит аналитичар Лејли Сарибрахимоглу смета дека резултатот од предвремените избори во земјата што се одржаа на 22 јули може да го смени балансот на силите мегу цивилните политичари и армиските генерали. Таа се осврнува и на моментот на делување на армиското раководство во земјата

„Ставањето крај на воени периодични интервенции во политиката ке зависи во целост од тоа колку силни политички лидери ке има во наредните години во турција. Тоа ке биде одраз на тоа како политичките лидери ке владеат, или ке ја делат својата мок со воениот дел.“

Партијата на правдата сега е речиси сигурна дека ке го избере својот кандидат на претседателските избори. Во првите два круга на гласање во парламентот е потребно дво третинско мнозинство, а во третиот круг обично. Во првите два круга потребни се 367 гласови, а партијата на правдата и развојот има 341 место во парламентот кој брои 550 места.

Нејзиниот кандидат Гул кој негира дека вклучувањето на религијата во политичкиот живот е на неговата агенда, нема поддршка од приврзаниците на секуларизмот. Тие не му веруваат како што велат и поради фактот што неговата сопруга носи традиционална исламска облека. Аналитичарите пак сметаат дека ако биде избран тој ке направи се да избегне можни тензии во општеството.
XS
SM
MD
LG