Достапни линкови

Намален интерес меѓу граѓаните


Сестрите Кристина и Јасмина Картовски кои повеке од 10 години се занимаваат со извидништво,велат дека откако станале извидници, освен запознавањето на луѓе и дружењето,тие стекнале големо искуство, за кое како што велат, неможе да се научи во секојдневниот живот.

„Да се биде извидник не значи само шетање по планини. Пријателствата, знаењата и искуствата што се добиваат не можат да се заменат и се за цел живот. Искуствата се добиваат преку присуство на семинари, работилници. Се стекнуваат другарства, за кои и не си можел да замислиш дека ќе постојат.“

Никола Здравески,генерален секретар на сојузот на извидници на Македонија,споредувајки ја денешната заинтересираност на младите со минатото,вели дека бројот на извидници е многу помал.

„Во постоењето на стара Југославија се развивало извидништвото на поинаков начин, затоа што било рекреативно движење. Денеска Сојузот на извидници има помал број, од две до две и пол илјади членови,“

вели Здравески и додава дека со десетгодишното членство во Светската извидничка организација,тие прифатиле поголем дел од програмата за развивање на извидништвото која во зависност од возраста на извидниците,се стекнуваат различни искуства и вештини.

„Програмата обединува секаков вид активности, спорт, култура, извидништво. Се што е поврзано за развивање на позитивен систем на вредности на младата личност.“

Сојузот на Извидници на Македонија со контигент од 50 извидници пред неколку дена се вратија од Англија која е земја - мајка на извидничкото движење.Нашите извидници таму присуствува на прославувањето на 100 годишнината од постоењето на извидничкото движење или познат како World Scout Jamboree кое се организира по 21 пат.На овој светски собир извидниците имаа можност да бидат дел од големото дружење со други 45000 извидници од целиот свет.Овој собир преставува една од најголемите задоволства на сите извидници,бидејки овде се запознаваат со големината и значењето на ова светско движење кое обединува 28 милиони млади луѓе во целиот свет.
XS
SM
MD
LG