Достапни линкови

Потребно е подигнување на степенот на здравствената култура, советуваат лекарите


Подигнувањето на степенот на здравствена култура, односно вршењето на редовни здравствени контроли е единствениот начин за рано откривање и успешно лекување на секој тип заболување особено малигните и срцевите болести. Имено, според последните податоци објавени од Републичкиот завод за здравствена заштита на врвот на листата на болести од кои што умираат македонските граѓани се токму малигните и срцевите заболувања:

„Сметаме дека се во пораст поради различни фактори кои што се надворешни фактори, но исто така и поради касната детекција. Значи она што треба за да се спречи да доаѓаат во фаза кога со грдни маки после може да се справиме со болеста, е потребно што побрзо откривање. Прво, здравствена култура на нашето население значи да му се доближи на човекот неговиот здрав живот и контролата на неговото здравје.“

Вели д-р Татјана Андреевска од Клиниката за тораковаскуларната хирургија. Граѓаните се свесни за потребата од редовен здравствен преглед, но сиромаштијата велат тие и недостапноста на здравствените услуги се една од главните причини за одењето на доктор само кога ќе се почувствува конкретна болка:

„Неможам, немам пари за лекување. Одам само кога ќе дојде ,,нож до грло“

„Бидејќи сум хронично болен одам редовно, но мислам дека граѓаните одат во последен момент.“

„Здравствената култура на нашите граѓани мислам дека е многу ниска.“

изјавуваат граѓаните. Здравствените работници пак исто така меѓу останатите причини ја посочуваат и тешката положба во која севкупно се наоѓа македонското здравство:

„Мислам дека ни недостасуваат уште неколку години за да се опремат сите центри, да се направат неколку регионални, да се покријат сите подрачја, за да не доаѓа се во Скопје.“

Изјавува д-р Светлана Антевска Груевска од Институтот за радиологија. Од болести на циркулаторниот систем починале 54,8 отсто од македонските граѓани во текот на 2003 до 2005-та година што претставува раст за 1,8% во однос на претходните години. На второто место за причината за смрт меѓу граѓаните се малигните заболувања.
XS
SM
MD
LG