Достапни линкови

Киргистан: Заврши шестиот самит на Шангајската организација


Во Киргистан заврши 6-тиот самит на Шангајската организација за соработка со договор меѓу лидерите на земјите членки за поблиска соработка во енергетскиот сектор и безбедноста. Рускиот претседател Владимир Путин предложи формирање на енергетски клуб во кој земјите членки заедички би ги развивале енергетските ресурси за извоз на светските пазари. Путин предложи и одржување заеднички воени вежби еднаш годишно. Во Шангајската организација се Русија, Кина, Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан.
XS
SM
MD
LG