Достапни линкови

logo-print

Лима: 15 лица загинале при силен земјотрес во Перу


Најмалку 15 лица загинале, а 200 се повредени во силниот земјотрес што го потресе брегот на Перу, предизвикувајќи и прекин на електричната енергија во главниот град Лима. Земјотресот бил со јачина од 7.9 степени. Веднаш по земјотресот било испратено предупредување за можно цунами во Перу, Чиле, Еквадор и Колумибија, но подоцна предупредувањето било повлечено.
XS
SM
MD
LG