Достапни линкови

Одговорноста е кај потписниците на Договорот, став на експертите


Дали некој ќе биде повикан на одговорност по пресудата на Парискиот арбитражен суд, ќе се одлучува на владина седница, но откако ќе биде позната содржината на пресудата, велат од владата, по одлуката на судот Македонија да и исплати 25 милиони долари на рафинеријата ОКТА поради непочитување на купопродажниот договор од 2000 година.

„Тогаш на седница на Владата на Република Македонија ќе биде темелно дискутирана пресудата и ќе се изгради позицијата на Република Македонија, секако во согласност на толкувањата на експертите од оваа сфера, со коишто Македонија располага. Во моментов сеуште немаме официјално добиено ништо и не можеме да коментираме на оваа тема,“

изјави владиниот портопарол Ивица Боцевски.

Од рафинеријата ОКТА велат дека иако договорот склучен во 2000 година, кога премиер беше Љубчо Георгиевски и дава ексклузивитет на ОКТА на нафтениот пазар во земјава, државата го прекршила истиот кога подоцна им дозволила увоз на мазут и на други фирми.
Информациите дека Окта е подготвена на отстапки, но за сметка на други привилегии во државава, од компанијата не сакаат да ги коментираат.

Професорот по кривично право, Горги Марјановик вели дека одговорноста за овој случај треба да ја превземе оној што во тоа време го потпишал, како што вели штетниот договор за државава.

„Дека е штетен договор се гледа од клаузулата дека ние сме морале да увезуваме годишно по 500 илјади тони мазут. А, зошто ни е тој мазут кога не можеме да го потрошиме? Јасно е дека некој од некои причини тоа го потпишал во корист на Грците, а Договорите, без оглед на тоа какви се мора да се извршуваат.“

Непочитувањето на договорот се случило по смената на владата на Георгиевски, велат од ОКТА.
На прашањето дали одговорноста е подеднаква и за тој што го потпишал и за оној што го прекршил договореното, Марјановиќ со став:

„Прво треба да се процени дали таа нова влада што морала да го прекрши тој договор не проценила дека е подобро да се плати штета, отколку да се тера по Договорот и да се причинуваат нови штети за државата.“
XS
SM
MD
LG