Достапни линкови

logo-print

Сараево: Босански војници за прв пат на меѓународна вежба


Босански војници за првпат ќе учествуваат на меѓународна вежба, откако пред четири години етнички поделените безбедносни сили се обединија. Ова во Сарево го изјави портпарол на ЕУФОР соопштувајки дека воената вежба Тројански столб“,, која ќе се одржи во Босна од 16 до 20 август, вклучува германски трупи и претставници на вооружените сили во БиХ. Маневрите имаат за цел да ја демонстрираат способноста на ЕУФОР да обезбеди мирна и сигурна ситуација во Босна. Во рамките на ЕУФОР се наоѓа и македонски воздухопловен тим.
XS
SM
MD
LG